АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Легендарниот Раде Шербеџија, во Битола синоќа го одржа својот ексклузивен концерт, единствен во Македонија на кој го промовираше последниот студиски албум „Не свртувај се сине“, создаден во време на КОВИД пандемијата, кога паузираше филмската индустрија.
Пренесуваме дел од атмосферата во Големата сала на Центарот за култура со колаж од неколку нумери на Шербеџија што ги интерпретираше синоќа. Тој, ги пееше новите песни од неговиот нов албум, но на задоволство на присутните, отпеа и неколку стари теми, а неколкупати се симна меѓу битолската публика. Заедно со неа ја отпеа и македонската „Елено ќерко“ , што предизвика силни овации во салата.
Со многу емоции и низ солзи рече дека концертот го посветува на неговиот голем пријател кој почина неодмана Горјан Тозија.