2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Македонското Порече во етнографската документација на Обрембски

Јуни 07, 2018

Уникатни фотографии и теренски записи кои се дело на полскиот етнолог Јозеф Обрембски, којшто вршел теренски истражувања во Порече од август 1932 до март 1933, се претставени на изложбата „Поречаните“. Македонското Порече 1932-1933 во етнографската документација на Јозеф Обрембски“, која е поставена во малата сала на НУ Завод и музеј-Битола. Изложбата содржи материјали и теми на кои работел Обрембски за време на неговиот престој во Порече, и прикажува неколку значајни аспекти од секојдневниот традиционален живот на населението во дадениот предел.

 

-Обрембски беше извонреден полски научник кој помина само 8 месеци во македонско Порече истражувајќи ги обичаите и културата на македонскиот народ. Тоа што е презентирано на оваа изложба во Битола е само еден фрагмент на неговите истражувања. Верувам дека е многу интересно за сите жители на Македонија да видат како изгледаше македонско Порече во триесетите години на 20 век. Обрембски живееше меѓу жителите на Порече, и не само што живееше туку ги запознаваше нивните обичаи и беше третиран како еден од нив, што придонесе за квалитетот на тоа што го забележа,  рече Амбасадорот на Полска во Македонија Јацек Мултановски, кој ја отвори изложбата во битолскиот Завод и музеј.

Обрембски, во тој период живеел во селото Волче при што ги проучувал и ги документирал секојдневниот, обредниот и религиозниот живот, митологијата, фолклорот, народната медицина и магиските ритуали.. Собрал материјали, коишто биле обемни и уникатни уште во моментот на нивното регистрирање. Познато е и тоа дека самиот научник развил многу добри односи со жителите на Волче и околните села, ги сакал поречаните, а и тие го сакале него.

-Крајно софистицираниот, одмерен, прониклив, научнички, но многу повеќе , човечки пристап на Јозеф Обрембски во рамките на поречката заедница и начинот на неговата интерпретација сосема оправдано му обебзбедиле трајно место не само во срцата на поречаните, туку му обезбедиле трајно место во македонската, полската и воопшто светската етнологија и антропологија, изјави Мери Стојанова, В.Д. Директор на Завод и музеј Битола

1

 

2

 

3

4

5

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани