2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

СДСМ Битола: Дали директорот на Водовод сокрил сообраќајка со службено возило?

Ноември 28, 2022

 Интегрален текст од изјава на советничката Жаклина Наумовска



   По којзнае кој пат ДПМНЕ и градоначалникот Коњановски под плаштот на лицемерието избегнуваат да дадат одговори за наводните злоупотреби на работните позиции на нивните функционери. Сите сомнежи за незаконското работење јавноста мора да ги знае.

 

Затоа ве прашуваме и го повикуваме директорот на ЈП Водовод Пеце Милевски да одговори:

 

Дали во април годинава го оштетил службеното возило на претпријатието во сообракајна незгода? 

 

Дали е точно дека  директорот Пеце Милевски не повикал полиција на местото на сообраќајната незгода и го криел возилото неколку дена во приватна гаража, па го однел на поправка?

 

Дали и зошто после оваа случка Пеце Милевски ја променил регистарската табличка на возилото и дали тоа било причината  да го заташка случајот?

 

Ова е почитувани сограѓани фактурата која од загрижени граѓани пристигна во ОО СДСМ Битола. На неа видливо се гледа извршена поправка и промена на делови  на возило во сопственост на ЈП Водовод, со што директорот ова ЈП, го изложил на дополнителен трошок за да го поправи возилото после сообраќајната незгода во април годинава иако возилото било каско осигурено.

 

 Screenshot 20221128 170647 YouTube

Screenshot 20221128 170654 YouTube

Затоа уште еднаш го повикуваме градоначалникот Тони Коњановски при најавената ревизија за незаконското патување на директорот на ЈП Водовод во Грција да ги земе во предвид и овие дејанија на  нивниот директор и партиски лидер на ОК на ДПМНЕ во Битола!

 

Или  пак во нивниот добро познат стил ке ја спрегнат  ФБ “војската” и со истиот, добро познат на битолчани жаргон на  навреди и невистини ќе го избегнат вистинскиот одговор кој иитолчани го заслужуваат.

 

За жал, ова е почитувани граѓани реалноста за Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани