2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Битолчани пред 60 години први во Македонија гледаа телевизија

Јуни 29, 2018

Деновиве се навршуваат 60 години откако група битолски ентузијасти ги направија првите обиди за прием на телевизиска програма во Македонија, на врвот Пелистер, на планината Баба, со што битолчани имаа можност први да го следат реемитуваниот ТВ сигнал на Италијанската радио телевизија РАИ 1.

По извршените подготовки, групата предводена од вработени во радиоцентарот во Битола меѓу кои Атанас Стојановски-Ацко, Јонче Стојановски, заедно со Асен Даскаловски и Атанс Јашмаковски, техничари во среднобрановиот предвателен пункт во Битола, во јуни 1958 година придружувани од повеќе битолчани тргнаа од Нижеполе, со мазги и коњи, до највисокиот врв Пелистер(2601м), каде носеа агрегат за струја, еден црно бел ТВ приемник, кабли, антени, друга опрема, шатори, храна, вода, подготвени за повеќедневен престој се додека не успеат во својата намера.

Првиот ден членовите на експедицијата имале проблеми со агрегатот на струја, но тоа не ги одвратило од намерата да продолжат со планот. Следните денови, по повеќе обиди добија ТВ сигнал од Италијанската радио телевизија, емитуван преку ТВ предавателниот објект„ Мартина Франка“ во Италија, кој бил на сосема задоволително ниво и можело да биде употребен за реемитување. Со првиот сигнал добиле слика и тон од спикерот кој презентриал вести, а потоа ја следеле и забавно музичката емисија на Италијанската телевизја „Карусело“

Неколку дена подоцна преку ТВ сигналот на Италијанската радио телевизија, на врвот Пелистер за првпат било  гледано финалето на Светското првенство во фудбал на 29 јуни 1958 година. 

Носителите на овие пионерски зафти, кои веќе не се меѓу живите, своевремено раскажуваа дека овој подвиг беше проследен со голема радост и еуфорија, а фотографиите што ги споделуваме се од приватната архива на Владо Стојанов, син на Атанас Стојановски-Ацко, кој беше еден од иницијаторите за оваа експедиција.

Во 1959 г. Собранието на околија Битола обезбедило финансиски средства за изградба на репетиторски објект со електричен далновод на Пелистер. По завршувањето на објектот и далноводот во рекордно краток рок, веднаш бил монтиран пристигнатиот ТВ репетитор и во октомври 1959 година бил пуштен во редовна работа првиот ТВ репетиторски уред во Република Македонија за реемитување телевизиска програма, со што Битола и битолско гледаше италијанска телевизија. Тогаш само неколку домаќинства во градот имале телевизори, а голем број битолчани се собирале пред излогот на Радио Центар да го седата реемеитуваниот ТВ сигнал од РАИ1.

Во исто време Извршниот совет на Република Македонија му дал задача на Радио Скопје да планира уреди и да определи погодни места за поставување репетитори за пренесување на Италијанската ТВ програма

Пунктот Пелистер  официјално бил пуштен во редовна работа на 28.12.1963 година со пуштањето на радиопредавател за емитување на првата програма на Радио Скопје,

На 12 декември 1965 г. бил  пуштен телевизиски предавател со моќност од 1 kW, а во 1966 г., сo набавката на УКБ предавател со сила од 1 kW почна и емитувањето на Втората програма на Радио Скопје, а Асен Даскалов, се до неговото пенизонирање, беше работно ангажиран на одржување на репетиторите на Пелистер и среднобрановиот предавател во Битола.

Потоа следеше техничко доопремување и развој на телевизиската мрежа низ Македонија.

36372443 10216737908858465 122544608184893440 n

36344263 10216737892258050 6680990940833775616 n

36306487 10216737896498156 7804303473477943296 n

36301766 10216737894778113 5317724117279965184 n

36297787 10216737906258400 2278163439639592960 n

36291210 10216737896898166 8487026398198759424 n

36287218 10216737893098071 7267257472841154560 n

36335416 10216737903258325 8069788682082582528 n

36283393 10216737906178398 1087783532379504640 n

36333506 10216737903698336 1301509381430444032 n

36277464 10216737887097921 3805308734691868672 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани