АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Јануарските зими со голем студ и поларни температури се познати за Битола низ годините. Битолчани паметат дека во овој период, пред Водици живата во термометарот се спуштала и 30 степени под нулата, а градот со недели бил окован во мраз и дебела снежна покривка. Сепак, климатските промени носат поинакво време, па деновиве низ Битола може да се забекежи будење на вегетацијата и расцветани цвеќиња како да е пролет.