2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Коњановски ја повика Илиевска да почне со работа во интерес на битолчани

Мај 30, 2023

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес на прес конференција и со писмена иницијатива, ја повика претседателката на Советот, Габриела Илиевска, да започне со работа во интерес на граѓаните кои и ја дале довербата, а со тоа да запрат кочниците и блокадите на општината.

Изјава на градоначалникот Тони Коњановски (видео):

Почитувани граѓани,

Моја должност, но и обврска на сите нас кои сме ја добиле довербата од Вас, е да работиме, да се фокусираме на проекти и одлуки, со кои Битола ќе напредува, со кои ќе се реализираат активности и ќе се подобруваат условите во општината.

За жал, како никогаш досега, имаме ситуација во која, претседателката на Советот, во континуитет, веќе 2 месеци, личните желби и интереси, ги става над потребите на граѓаните. Искажувајќи некакво незадоволство од локалната самоуправа, останува на функцијата за која е платена со пари на битолчани и се обидува да докаже некаква своја правда, дури и кога не само јас како градоначалник, советниците и општинските служби, туку и повисоките државни институции и укажуваат дека постапува погрешно.

Покрај донесеното решение од државниот инспектор за локална самоуправа, претседателката одбива да постапи по истото и да ги стави на дневен ред точките со кои:

-          Пред почетокот на летото кога постои најголема опасност од пожари, ќе се усвои Програмата за работа на ТППЕ Битола

-          Програмата за финансирање и изработка на урбанистички планови, што е директно поврзано и со потребите на бизнис секторот од Битола

-          Измената на Програмата за развојни планови, со што ќе се овозможи уредување на просторот кај поранешен ЈАТ

Блокадите и кочниците всушност  покажуваат дека да се работи ПОИНАКУ, значи да се покажува самоволие,ароганција и фрустрации и сето тоа на штета на сите нас,Битола и битолчани.

Ваквата ситуација мора да се промени.

Затоа, до претседателката на Советот испратив иницијатива за брзо постапување по забелешките на државниот инспектор и ставање на наведените точки на дневен ред, меѓу кои е и точката за донесување на одлука за утврдување и исплата на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња на јавни површини.

Општина Битола, мора да продолжи да функционира, а секој кој не е подготвен за одредена функција, треба да најде начин тоа да им го образложи на граѓаните.

Проектите ќе продолжат, а Битола ќе напредува. Очекувам ова да биде желба и начин на делување и на претседателката на Советот, зошто на тоа јавно се обврзала.

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани