2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Коњановски-Очекувам конструктивност и јавно извинување од советниците на СДСМ по решението на Инспекторатот за локална самоуправа

Јули 26, 2023
Градоначалникот Тони Коњановски на својот Фб профил порача дека очекува извинување од советниците на СДСМ за поднесената привична пријава, откако Државниот инспекторат за локална самоуправа доставува опомена до претседателката на Советот, Габриела Илиевска, за незаконско постапување при донесувањето на одлуките за разрешување на членовите на управните и надзорните одбори. 
 
 
„Во општина Битола стигна решението со кое Државниот инспекторат за локална самоуправа доставува опомена до претседателката на Советот, Габриела Илиевска, за незаконско постапување при донесувањето на одлуките за разрешување на членовите на управните и надзорните одбори. Инспекторот наведува и дека, при разрешувањето мнозинството на Советот постапило неправилно.
Со ова решение, уште еднаш се потврдија моите укажувања дадени претходно, поради кои и не ги потпишав незаконски донесените акти.
Очекувам јавно извинување од советниците на СДСМ за кривичната пријава, поднесена против мене, која со ова уште еднаш се потврдува дека е неоснована.
Останувам отворен за соработка со сите советнички групи и повторно повикувам, популизмот да се остави на страна и сите заедно да продолжиме да работиме за Битола, наместо непотребно да губиме време со блокада на општината“, напиша Коњановски.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани