Во недела петта акција за пошумување на битолски Баир

Ноември 29, 2023

Граѓанската иницијатива Зелен Баир во соработка со Center for European Development and Integration оваа недела на 03.12.2023 од 11:00 до 13:00 ја организира петтата по ред акција за пошумување на ридот Баир над месноста Кркардаш.

„Во овогодинешната акција ќе треба да засадиме повеќе од 800 зимзелени садници од црн бор и Вашата помош ни е повеќе од потребна. Зборно место за вклучување во акцијата е платото над црквата Св Четриесет Маченици во периодот од 11:00 до 13:00. Ние ќе ги обезбедиме садниците а вие понесете алат за садење. Покровител и спонзор и на оваа петта акција за пошумување се BV Business Group кои како општествено одговорна групација на компании ja препознаа нашата заложба за ревитализација на зелениот појас над нашиот град и ни помогнаа во набавката на садниците“, соопштија организаторите. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани