2win800x200

Променети претседателите на Комисиите во Советот

Декември 22, 2023

Доцна синоќа советничкото мнозинство изгласа промена на претседателите на шест комисии на Советот на Општина Битола. На местото на советниците од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ,  изгласани се претседатели од Коалицијата на СДСМ и од редовите на Поинаку.

На челното место на Комисијата за спорт и млади на кое беше Зоран Петковски, сега е назначен Борче Корлевски од СДСМ. На местото на Бојан Бојковски во Комисијата јавни и комунални дејности поставена е Мирјана Захариевска-Ралевска од СДСМ. За претседател на Комисијата за економски развој доаѓа Елизабета Тодоровска од Демократскиот сојуз на Власите, на местото на Лидија Павловска. На Комисијата за јавни дејности Јадранка Павловска од СДСМ наместо Марица Тодоровска, на Комисијата за урбанизам и заштита на животната средина Жаклина Наумовска од СДСМ на местото на Ѓорги Ѓоргиевски. Промени има и во Комисијата за туризам која наместо Бојан Бојкоски во следниот период ќе ја води Иван Чулакоски од Поинаку.

Со ова за првпат Комисиите за јавно и комунални дејности и урбанизам ќе ги водат жени. 

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани