2win800x200

Дијана Толевска Христовска - Успесите на нашите ученици се најголема награда за нашиот труд како наставници

Мај 22, 2024

Успесите на нашите ученици се најголемата награда за нашиот труд како наставници, рече директорката на ООУ „Коле Канински“ Битола Дијана Толевска Христовска на свечената академија по повод прославата 80 години од отворањето на ООУ „Коле Канински“ Битола. 

436283202 977210900358446 8949539146042431403 n

-Денес кога одбележуваме 80 години од успешното постоењето на нашето училиште е момент да се потсетиме на минатото, да ја поздравиме сегашноста и да се инспирираме за иднината. Нашето училиште не е само зграда, туку жива заедница која расте, и се развива благодарение на трудот и посветноста на сите нас. Со гордост можеме да кажеме дека нашето училиште има долга и богата историја, исполнета со многу успеси и достигнувања. Во овие години нашето училиште се соочуваше со многу предизвици, но секогаш ги надминуваваме и од тоа излегувавме посилни и помотивирани кон нашите цели, рече директорката Толевска Христовска.  436656932 757270666608422 5515867145224662056 n  

Во свечената сала на Офицерскиот дом во Битола присуствуваше и синот на Коле Канински, Стево Канински со својата фамилија, кој горд што училиштето ги негува спомените за неговиот татко рече дека ООУ „Коле Канински“ отсекогаш било и изрази надеж дека така ќе напраедува и во иднина. 

436639994 963474085489501 1212378615395004352 n

Свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски. 

436365465 316442341501137 4539658063308625590 n

-Образоваието е најважниот процес во развојот на едно дете, да ги задржиме нашите деца овде со нас, зашто иднината без младите без нашите деца е ништо. Имаме прекрасен град, и кога сите би ставиле по едно камче на тој мозаик би биле среќни во овој град. Благодарам и чест ми е што денес сум со вас, што славиме за едно училиште кое е реновирано, со одлично спортско  игралиште, и убаво е кога сите правиме добро за нашите деца, за заедничката иднина“, рече меѓу другото градоначалникот Тони Коњановски во своето обраќање.  

444758393 10161484876204420 3397271239706347317 n

436518273 2129471100755262 5851895081421021015 n

По повод јубилејот благодарници добија најуспешните и наградувани ученици, наставници, донатори и родители кои помагаат во училиштето. 

436421705 1000828387605815 7377773671333825216 n

436590938 1169337024482385 7984775637382189819 n

 

 

А.Блажевска

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани