АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
РЕК Битола во текот на денот планирано ќе го исклучи првиот Блок од електроенергетскиот систем, поради проверки и отстранување на помали дефекти, информираат од комбинатот
„Планираното исклучување се прави поради превентивна проверка и отстранување на помали дефекти, како и за зајакнување на оперативноста на блокот, се наведува во соопштението од РЕК Битола.
Додаваат дека РЕК Битола ќе продолжи континуирано да производува електрична енергија преку Блок 2.
„АД ЕЛЕМ во моментов произведува електрична енергија според планот и според потребите на тарифните потрошувачи, а исто така врши и продажба на вишоци електрична енергија, така што сите зафати на производствените капацитети се пресметани во планот за производство“, велат од РЕК Битола.
Вториот блок во најголемиот производител на струја беше ставен во функција во понеделникот по 47 дена редовен ремонт, по што во ремонтна активност влезе третиот Блок на Термоелектраната, која ќе трае до 15 октомври. Капитален ремонт на првиот блок беше направен од 10 мај до 25 јули.