Новиот амбасадор на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ, вчера оствари прва официјална средба со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски. На средбата, на која присуствуваше и почесниот конзул на Црна Гора, Миодраг Андријашевиќ, се разговараше за зајакнување на економската соработка на Битола со градовите во Црна Гора, а особено со збратимениот град Херцег Нови. Исто така, се
разговараше и за реализација на заеднички културни активности и настани, како и соработка во областа на спортот.
Денешната средба во Битола, претставува прва официјална посета на амбасадорот Миљаниќ, надвор од главниот град.