Советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Марица Тодоровска обвинува дека и жителите на улица "7-ма Бригада" се жртви на негласањето на СДСМ, Поинаку и Левица во Советот.
7 ПРОЕКТИ ВО ВИСИНА ОД 1 МИЛИОН ЕВРА
БЕА ОДОБРЕНИ ОД ЕВРОПСКА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА ЗА ОПШТИНА БИТОЛА.
Ова е улицата 7- ма Бригада на која треба да биде извршена комплетна реконструкција на водоводот и канализацијата, ако СДСМ, ДУИ И ПОИНАКУ гласаа во Советот и ако се водеа исклучиво од интересот на граѓаните.
Јавно ги прашуваме, после изгубени европски пари за "Вело-патеките" повторно СДС е против проекти финансирани од ЕУ, дали СДСМ со ваквото однесување се приближува кон РУСИЈА или поблиску им е дестинацијата на ВЕНКО, Дубаи.
1 милион евра од кој требаше аир да видат граѓаните - ќе пропаднат од лоша политика, кратковидост и неспособност да се оддвои важното од неважното.
СДС, ПОИНАКУ И ЛЕВИЦА граѓаните не ве бираа за да гласате против нив и нивните интереси - немате право да ги жртвувате ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА.
Немате право да ги жртвувате ГРАЃАНИТЕ.