
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Парите за култура треба да се доделуваат за сериозни културни продукти и во најгоем дел кај професионалци, порачува Софија Ристевска-Петрушева, советничка од СДСМ на денешната расправа во Советот на Општина Битола коментирајќи по точката на дневен ред - Програма за култура во општина Битола за 2026 година. Taa побара во Советот да се направи одделна комисија за културата, а не да е во склопот на јавни дејности.
Советничката Ристевска - Петрушева вели дека не може невладините и граѓаните да добиваат пари и да има еднакви параметри како и професионалните културни работници. Таа бара комисијата за доделување на средствата за фестивалите од културата во градот да биде составена од професионалци, културни работници, а не од општинската администрација, односно бара одделни комисии од професионалци за секоја дејност во смисла на театар, литература...
Таа ја коментираше и Зимската приказна за што вели дека има безброј активности и настани па вели -„Тоа е убаво, имаме пари и слободно да ги раздадеме на дечиња на училишта. Тоа не е лошо да не ме разберете погрешно, но мора да има некакво разграничување помеѓу професионалните артисти и генералната популација што се занимава со култура. Значи ние произведуваме мноштво, во мноштвото не може да има квалитет. Мора да одбираме и да селектираме“, рече советничката Софија Ристевска - Петрушевска од советничката говорница.
Ставот на Софија Ристевска Петрушева се однесува и на фестивалот Битфест каде на располагање на учениците се 3,2 милиони денари или 52 илјади евра.
-Најголемата 'порција' пари од овој буџет треба да се оддели за професионалните културни работници, затоа што тие носат културни продукти кои што се професионални. Ако се добро изработени тие продукти можат да привлечат и туристи...Културата носу приход, но добро финансираната и осмислената култура. Култура каде главен носител е професионалниот артист. Што се случува кај нас, имаме граѓански организации кои прават професионални продукти, има физички лица , сите се јавуваат на конкурсите, дали за Битфест или за Зимска приказна и некако сите се разгледуваат на куп. И кога се доделиле пари треба да с еочекува сериозен продукт. Што се случува кај нас сите земаат средства, без разлика дали се професионални културни работиници, аматери, ученици, учителски. Сите земаат мала порција од парите и немаме ништо сериозно. некаков сериозен културен продукт. Се оди на квантите наместо на квалитет. И тоа е капиталниот проблем во културата. Биџетот за култура е страшно мал, 300 илјади евра.
Анета Блажевска
