
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Конкурс за награда за најдобар студентски превод „Вавилон – Нова генерација“ 2026
РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 01 април 2026
Делегацијата на Европската унија, Јуроп хаус и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, со задоволство го објавуваат Конкурсот за награда за најдобар студентски превод и студентска
резиденција за книжевен превод „Вавилон – Нова генерација“ 2026.
Повикот е упатен до сите универзитетски студенти (не постари од 27 години) кои во моментот на конкурирање се запишани најмалку на трета година студии на кој било од факултетите во земјава. Кандидатите треба да се пријават на конкурсот со превод од некој од 24-те службени јазици на Европската унија, кон кој било од јазиците што се зборуваат во земјата.
Повеќе за конкурсот (ЛИНК) https://europehouse.mk/wp-content/uploads/ /МК-Вавилон-Нова-генерација-2026.pdf
