2win800x200

По денешниот снег, од утре разведрување

Февруари 23, 2019

Битолчани кусо  се израдуваа со  пролетните температури, а утрово Битола  повторно осамна под снежна покривка. Сепак од УХМР најавуваат дека веќе попладнево облачноста ќе се намалува, а од  утре, 24 февруари, времето ќе биде сончево со мала облачност и умерен североисточен ветер.

Температурата денеска во Битола ќе се движи од -3 до -5 степени, а утре дневната ќе се искачи еден степен над нулата, додека минималната ќе падне до -8 степени.

Од понеделник следува сатбилизација на времето и покачување на дневните температури кои ќе достигнат до 12 степени над нулата.

Инаку, од АМСМ информираат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни колозвози, а од 13 часот и 45 минути е укината забраната за тешки моторни возила на патниот правец Битола-Ресен преку Ѓавато.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

bt sneg116

bt sneg112

bt sneg naslovna

bt sneg 115

bt sneg 114

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани