АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во СОУ „Таки Даскало“ во Битола во соработка со Младинскиот образовен форум во четвртокот беше отворена патувачката изложба „Ана Франк - Историја за денес“
Изложбата е составена од триесет и девет изложбени панели кои ја раскажуваат приказната за Ана Франк, истовремено раскажувајќи за Холокаустот и Втората светска војна. Прикажува фотографии од детството на Ана, подемот на нацизмот, погромот на Евреите и реакциите на луѓето. Се ова е раскажано преку животот на едно семејство. Изложбата ја дополнуваат седум панели за домашниот контекст во периодот по Втората светска војна до денес.
Оваа изложба досега е поставена во 21 град и е посетена од 19 илјади посетители, а во светски рамки ја виделе над 5 милиони посетители во повеќе од 40 држави. Таа е една од најпознатите светски едукативни изложби кои се однесуваат на холокаустот и човековите права.
Водичи на оваа изложба се млади волонтери - средношколци кои поминале обука да ја раскажат приказната за животот на малата Ана, а учениците ќе добијат меѓународни сертификати за учество.
Проектот има за цел да го покрене вниманието и поттикне дискусија за настаните од блиското минато на Западен Балкан кои се причина за различни поделби и генерирање на конфликти во минатиотвек. Преку промовирање на критичко размислување за настани од историјата и нивното значење во современотовреме и случувања, целта на Anna Frank House и партнерите е да се постигне помирување преку дијалог за заедничкото минато.
Изложбата „Ана Франк - Историја за денес“ од понеделник до 3 јуни ќе биде отворена секој ден од 7,30 до 16 часот за сите заинтересирани посетители и групи од основните и средните училишта.