АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Бројот на дијабетичари во Битола се зголемува од месец во месец, што е причина битолското Здружение на дијабетичари да формира Електронски едукативен центар за дијабетес. Целта е на овој начин да му се помогне на населението пред се за превенција од болеста, но исто така и заболените да научат како да се однесуваат и полесно да се справуваат со тешеките последици од оваа болест.
Сите совети, предизвици, едуктивни предавања од стручни лица од државата, но и од целиот свет ќе бидат достапни на интернет.
-Зглемениот број на лица заболени од дијаеес ни даде идеја за посериозен пристап кон оваа проблматика и токму затоа одлучивме да го формираме овој електроснки едукативен центар, благодрени на Синдикатото на РЕК Битола кој го направи почетното финансирање за да можеме да го оформиме Едукативниот центар. На тој начин, масовно, особено младите да можат на ФБ страницата на Здружението на дијабетичари на Општина Битола да ги следат информации кои се однесуваат на дијабетесот, рече Душанка Атанасовска, претседател на Здужението на дијабитичари на Општина Битола .
Овој електронски едукативен центар е формиран со финансиска поддршка на Сндикатот на РЕК Битола, каде Здружението на дијбетичари денеска во пресрет на утрешниот празник, Денот на рударите, орагнизраше бесплатно мерење на шеќер во крв за вработните во РЕК Битола.
- Синдикатот на РЕК Битола постојано помага разни здруженија, клубови, организации, поединци, со што ја оправдува општествената одговорност. Денес ја промовираме оваа активност на Здружението на дијабетичари каде Синдикатот е спознзор во дел од нивните активности. Синдикатото на РЕК Битола останаува партнер и подготвени сме да помагаме и на другите здруженија, клубови во рамките на своите можности, рече Менде Фидановски, претседател на Синдикатот на РЕК-Битола
Со овааа активност РЕК Битола го започна одбележувањето на 28 август Деното на рударите. В четврток, предвидено е по повод празникот на двајца пензионирани работници да им се доделат подароци, а исто така ќе бидат наградени работници од Рудници.
Во понеделник, на 2 септемвти, претставници на РЕК Битола ќе посетета училишта во Битола, Новаци и Могила и со пригодни подароци на учениците ќе им посакаат успешен почеток на учебната година