АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Владата на денешната седница донесе решение да се укине Законот за трговија на зелените пазари што беше донесен на иницијатива на повеќе пратеници и имаше одложено дејство и требаше да стапи на сила од 1 јануари 2020 година.
-Оваа одлука е прифатена со задоволство не само од пазарџиите, туку и од нас вработените во ЈП Пазари –Битола. Овој закон ќе беше штетен за пазарџиите, но и за нас како јавно претпријатие бидејќи од година во година се намалува бројот на закупци на тезги, а овој закон каков што беше направен ќе ја отежнеше уште повеќе состојбата, изјави Владе Атанасовски директор на ЈП Пазари-Битола.
Според Атанасовски се очекува Министерството да изготви нов закон во консултација со сите засегнати страни во кои ќе бидат вметнати забелешките на пазарџиите.