Граматковски-наместо украсување на управната зграда донација на „Стрежево“ во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“-Битола

Декември 24, 2019

Јавното претпријатие „Стрежево” – Битола, како општествено одговорна институција се откажа од традиционалното новогодишно украсување на управната зграда со единствена цел - тие средства од сопствени ресурси да ги намени во подобрување на образовните капацитети преку донација на нагледни средства и уредување на просториите во основното училиште „ Ѓорѓи Сугарев“ од Битола, најави  првиот човек на ЈП Стрежево Менде Граматковски.
-ЈП „Стрежево” - Битола им приредува мало изненадување со новогодишни подароци на учениците со посебни потреби, со што на некој начин ќе им го збогатиме новогодишниот амбиент.
Поттикнати од неизмерната радост со која нè дочекуваат, на ова гледаме како на искрено пријателство што несомнено се развива. Како општествено одговорна компанија наша цел е помагање и развивање свесност за основните потреби на овие деца. Нашето вклучување е потврда дека секој колектив или поединец може и треба да се инволвира во создавање на што подобри услови во општеството и помагање на засегнатите групи граѓани, а пред сè на најранливите - децата“, вели Граматковски, директор на ЈП Стрежево.

80346915 707237346469144 5562419425019166720 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани