АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Хепар Центар Битола и годинава, како и претходните ја одбележува Пролетната европска недела на тестирање за Вирусни Хепатитиси, ХИВ и СПИ. Оваа година поради пандемијата COVID-19 (предизвикана од САРС-КоВ-2) која длабоко го зафати светот и Европа направи комплетна промена во структурите на здравствените системи како и во секојдневниот живот на граѓаните, Пролетната европска недела на тестирање, планирана за 15-22 мај 2020 година, ќе продолжи. Таа ќе има со примарен фокус на активности што се поврзани со виртуелни кампањи за подигнување на свесноста околу тестирањето/скринингот на населението во Европа. Активностите ќе бидат насочени кон:
• Да се подигне свесноста за важноста на услугите во однос на ХИВ, хепатит и СПИ
• Да споделиме искуства за прилагодување на услугите во време на КОВИД-19
•Да се сподели праксата од минатите година зошто е важно тестирање за ХИВ, Xепатитис и сексуално инфективни преносливи болести
• Да се размислува за нови иновативни програми за тестирање во тешки ситуации (веќе најавени во Европа пилот програми за самотестирање) .
Хепар Центар Битола ги охрабрува сите засегнати страни да разменуваат искуства од ХИВ, вирусени хепатитиси и сексуално преносливи заболувања компаративни со COVID-19. Прлетната европска недела претстваува еден потсетник и предвесник за Европската заедница дека и останатите заболувања како што се ХИВ-от, вирусените хепатитиси и СПИ услугите за тестирање, грижа и поддршка се основни услуги и мора да продолжат да бидат поддржани, особено за време на криза.