2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Филипче: Ќе бараме продолжување на вонредната состојба

Мај 14, 2020

Продолжување на вонредната состојба која е на сила до 16 мај, односно сабота, ќе препорача Комисијата за заразни болести, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче. На 18 март беше прогласена првата вонредна состојба на територија на цела држава во траење од 30 дена. И покрај олабавувањето на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, според Филипче, вонредната состојба, е потребна со цел и натаму да може да се спроведуваат препораките. Филипче истакна дека утре треба да има состанок Советот за безбедност, а ќе се бара продолжување на вонредна состојба со цел да имаат механизми за имплементирање на препораките во периодот што следи.

„Во однос на вонредната состојба нас ни е потребно таа да се продолжи заради тоа што дел од мерките коишто ги препорачуваме важат за време на вонредната состојба. Многу е битно тие да важат и понатаму. Значи битно е да имаме инструменти во рацете да работиме со овие механизми во однос на рестрикција на движењето“, рече Филипче.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани