Пет лица од 7 новозаболени се семејни кластери, информитаат од ЦЈЗ. Во Битола има 153 регистрирани позитивни лица, а во моментот 70 се активни случаи.
Денес на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола се регистрирани 9 нови случаи на COVID-19:
- 7 во Битола (на возраст од 23, 29, 42 (х2), 53, 57 и 63 години, 5 лица се поврзани со веќе регистрирани позитивни лица од најблиското семејство);
- 2 во Демир Хисар (лица на возраст од 70 и 75 години, и двете лица даваат податок за контакт со позитивно лице од најблиското семејство).
Вкупниот број на активни случаи на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола изнесува 223:
- Битола 70
- Кичево 99
- Ресен 23
- Д. Хисар 31
Во Ресен и Кичево нема новорегистрирани лица.
Денес регистрирани се и 5 оздравени лица (2 од Ресен, 1 од Демир Хисар и 2 од Битола).