
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ронструкција на кугланата сместена во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола е во завршна фаза. Опремата за куглање веќе е на пат кон Битола и се очекува монтажата да започне следната недела.
Градоначалничката Наташа Петровска, заедно со раководството на кугларскиот клуб „Пелистер“ и одговорните лица за реновирање на кугланата, извршија увид во инфраструктурните работи
По поставувањето на кугларските патеки, заедно со целата електронска опрема, овој спортски објект ќе биде најновата лиценцирана куглана во земјава, по најсовремени европски стандарди.
"Спремни за поставување на најсофистицирана опрема од германскиот приозводител AHLBORN, лидер во производство на кугларска опрема во Европа. Кугланата во Битола веќе доби сосема поинакви услови.
Во постоечкиот објект, ќе се постават 4 стази, со целокупната опрема која ги задоволува највисоките стандарди. Кугланата ќе овозможи и рекреација и куглање на најмалите возрасни категории започнувајќи од 8 години. Ќе има и можност за следење на натпреварите преку интернет.
Средено греење и климатизација, енергетска ефикасност, тоалети, соблекувални. Дополнително, избран изведувач за реконструкција и санација на кровот и дограмата во спортската сала. Значи, сосема поинаков амбиент за многу спортисти, објави градоначалничката Петровска на ФБ.
Проектот за кугланата го обезбеди Општина Битола преку јавното претпријатие за проектирање, а реконструкцијата е финансирана од Агенцијата за млади и спорт со над 14.000.000 денари.