2win800x200

Не седум, туку со 19 машини се расчистуваше снегот во Битола, одговори директорот на Нискоградба на обвинувањата на опозицијата

Февруари 18, 2021

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Ивачо Тошевски на денешната седница на Совет побара да се утврдат причините за како што рече, нефункционирањето на зимската служба на територија на Општина Битола. Тој обвини дека наместо со 16 машини општината од снегот се чистела само со седум, а поради ненавремена набавка солта и ризлата се чувале несоодветно и биле непупотребливи. Предлог точката не му беше прифатена од мнозинството, а диркеторот на „Нискоградба“ Методија Силјановски ги демантираше обвинувањата објаснувајќи дека дури 19 машини беа на терен, а ни во еден момент не недостауваше сол и ризла.

„Оваа година зимската служба функционира најкатастрофално досега. Според програмата што ја усвојуваме на Совет, треба да функционираат 16 градежни машини и плус дополнителни 7 машини. Но, вистината е поинаква. Во текот на оваа зима, посебно во периодот од 13 до 18 февруари, доцни набавката на потребниот материјал за посолување на улиците, станува збор за индустриската сол и ризла. Поради ненавремената испорака на добавувачот, тој материјал не се складира соодветно во ЈП „Нискоградба“ и оттаму и причините што тој материјал е неупотреблив за користење. Наместо да имаме 16 машини на располагање поради неупотребливиот материјал за време на врнежите и деновите потоа , максималниот број на машини за посолување и чистење на снегот во еден ист момент не бил поголем од седум машини“, рече Тошевски

Методија Силјановски, директор на „Нискоградба“ возврати дека и порај екстремно ниските температури и снегот од 42 сантиметри ни во еден момент немаше застој во расчистувањето ан улиците.

„Да им се заблагодарам на вработрените од Нискоградба за натчовечките напори што ги направија овие денови во оддржување на улиците во зимски услови при екстремно ниски температури. Набавките на сол и ризла од страна на Општина беа навремено направени, во ниеден момент немаше недостаток на сол и ризла. Механизацијата која работеше во текот на зимскиот период заедно со подизведувачите беше четири камиони кои ги посипуваа улиците и 15 машини кои работеа на расчистување на теренот. Во ниеден момент ниедна институција не беше блокирана и вон функција. Самите граѓани увидоа дека тоа беше така. За разлика од претходно во последните три години, ЈП Нискоградба во соработка со Општина Битола и градоначалничката Петровска вршеше расчистување и на споредни улици иако не беа во програмата на општина Битола, по нејзина наредба и тие улици беа чистени“, рече Силјановски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани