АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола ќе соработува со Црна Гора за време на престојното Битолско културно лето, беше соопштено на денешната средба на црногорскиот амбасадор Предраг Митровиќ и битолската градоначалничка Наташа Петровска.
Во иднина ќе се прецизира кој дел од културната понуда на Црна Гора ќе може да се види на битолската културна сцена.
„Две држави кои имаат длабоко и широко поле на соработка, а она што е најзначајно се можностите за културно соработка и развој на туризмот меѓу двете земји. Зборувавме за тоа што значат инфраструктурните врски, патиштата и потребите за лобирање за тие врски да се подобрат во нашата држава, знаеме дека југозападниот дел ни е малку запоставен од тој аспект. Предизвикот ни е Битолско културно лето на кое ќе може Црна Гора да се претстави со свои настапи и дел од својата култура, па ние возвратно тоа да го направиме во нивната држава“, рече Петровска.
Амбасадорот Митровиќ истакна дека Црна Гора и Македонија немаат ни едно отворено политичко прашање што е добра платформа за сите останати соработки.
„Соработката ќе ја зголемиме на многу повисоко ниво од сегашното, таа пред сѐ се однесува на културните активности и многу скоро тим од Општина Битола ќе биде гостин во Црна Гора, најверојатно во Херцег Нови и да видеме кој град е најконтактибилно да има поголема соработка со Битола“, рече амбасадорот.