АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Камерниот оркестар од Битола, вечерва во големата сала на Центарот за култура, која беше исполнета до последно место, одржа целовечерен концерт, под наслов „Џон Вилијамс Симфонија“.
Станува збор за најновиот музички проект на Камерниот оркестар, а на репертоарот овој пат беа музички теми од филмовите „Супермен“, „Шиндлеровата листа“, „Јура парк“, „Војна на ѕвездите“, „Индијана Џонс“, од најдобриот филсмки композитор Џон Вилијамс.
Филмските музички теми, заедно со членовите на Камерниот оркестар, ги отсвирија Климент Тодоровски, соло-виолина и уметници од Македонската филхармонија и Македонската опера и балет.
Концертот е во рамките на годинешната програма на Центарот за култура од Битола и е под покровителство на Министерството за култура.
Камерниот оркестра целовечерен концерт ќе одржи и на 20 март во МОБ во Скопје.