Димитар Илиевски Мурато - поминаа 32 години кога застана на врвот на светот

Мај 10, 2021

 

На денешен ден пред точно 32 години, Димитар Илиевски – Мурато од Битола направи голем подвиг искачувајќи се на највисокиот врв во светот, Монт Еверест.

Илиевски искачувањето го изведе од јужната страна на Еверест заедно со словенечкиот алпинист Виктор Грошељ, хрватскиот алпинист Стипе Божиќ и шерпасите Сонам и Аџива. Учесници во експедицијата беа уште македонскиот алпинист Борче Јовчевски и водачот Јован Поповски.

Димитар Илиевски за жал не го преживеа спуштањето од врвот и засекогаш остана таму. Причината за неговата смрт остана неразјаснета и до ден денес. Цело време при искачувањето и симнувањето тој бил во одлична здравствена состојба.

Засега некои информации велат дека тој застанал на кратко на 8200 метри да го почека Стипе кој бил зад него и имал проблеми со светилката, а во тој момент заспал.

Во кариерата се има искачено на повеќе планински врвови. Во негова чест на Пелистер подигнато е спомен-обележје. Посмртно ја има добиено наградата Медал за заслуги за Македонија, пренесува спортски.мк.

https://youtu.be/WxYd4qLk5zM

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани