2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Градоначалничката Петровска е задоволна како се одвива вакцинацијата во Битола, ќе се вакцинира кога ќе добие термин

Мај 10, 2021

Градоначалничката Наташа Петровска е задоволна како се спроведува масовната имунизација во Регионалниот вакцинален центар во Битола, а вели дека вакцинацијата е единствен начин да се нормализара животот. На новинарско прашање дали ќе се вакцинира, таа вели дека аплицирала таа и целото нејзино семејство и чека термин како и сите граѓани. Ќе ја прими онаа вакцина која во моментот ќе биде на располагање. 

-Според информацииите од директорката на Здравствен дом Битола, на мое задоволство вакцинацијата се спроведува успешно. Тосега не се забележани проблеми, освен граѓани кои не дошле на закажаниот термин,  најчесто  станува збор за повозрасна категорија, кои  биле спречени да дојдат поради  здравствената сосотојба во дадениот момент кога биле повикани да ја примаат вакцината. Ме радува што процесот успешно се спроведува на ниво на регион. Значајно е затоа што дефинитивно ќе ни придонесе да го стекнеме колективниот имунетет на вистинскиот начин, што отвора можност да почнеме нормално да функционираме како што посакуваме сите. Јас и целото мое семејство, мојот сопруг и моите деца, чекаме да бидеме повикани со порака како и сите останати граѓани. Тогаш кога ќе стигне пораката ќе се ваквцинирам со онаа вакцина која што во дадениот момент ќе биде во оптек и ќе се дава. Без разлика што ја  прележав болеста и имам антитела, сепак поради повисок имунитет на органзиамот, ќе се вакцинирам, а тоа ќе го направи  и моето семејство, рече Петровска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани