2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Уаспсен 25 годишен битолчанец, потоа и таткото кој им се спротивставил на полицијата

Ноември 26, 2021

Полицијата во Битола уапси 25-годишно момче откако најде дрога, пари и разни предмети, но го уапси и неговиот татко кој им се спротивставил на полицајците. 

Вчера во 17.30 часот на улицата „Партизанска" во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Т.Ж.(25) и З.Ж.(56), двајцата од Битола, информира МВР и објаснува дека при претрес во домот и возилото „мерцедес" на Т.Ж., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, пари во различни апоени и други предмети кои потекнуваат од кривично дело.

„При претресот, неговиот татко З.Ж. ги попречувал полициските службеници во извршување службени дејствија. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од МВР.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани