АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Некои од конзулите во Битола останувале по една до две години, а некои до крајот на животот. Најдолго во Битола останал австро- унгарскиот конзул Франц Едлер фон Кнапич. Тој тука ја доживеал и најголемата радост, раѓањето на неговата ќерка Едле фон Кнапич, но и завршетокот на својот животен пат. Конзулот фон Кнапич засекогаш останал во Битола. Починал во 1886 година, а дваесетина години порано и конзулот Франц Зелнер во 1863 година исто така животот го завршил животот во Битола.
Оригинални фотографии од изложбата „Конзулска Битола од првиот Австриски конзулат до Првата светска војна“ отворена во битолски Завод и музеј во организација на Амбасадата на Република Австрија во Македонија, Почесниот австриски конзулат во Битола и Општина Битола..
Во Битолската библиотека „Св. Климент Охридски“ беше одржана работна средба на в.д. директорите на националните институции Завод и музеј – Битола, д-р Мери Стојанова и НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, м-р Јелена Петровска и историчарот проф. д-р Александар Литовски со почесниот конзул на Р. Австрија во Р. Македонија д-р Валентина Илиева.
Состанокот беше инициран како можност за соработка на институциите од културата со Конзулатот на Р. Австрија во Битола. Беа презентирани информации во врска со организацијата и подготовките за симпозиумот „Почетоците на Австриската дипломатија во Македонија –со посебен осврт на Австриско – унгарскиот конзулат во Битола/Монастир 1851-1919“, кој ќе се одржи во Битола на есен во 2018 година во библиотеката. Во истиот период се планирани и други активности поврзани со темата како што е пригодна изложба и распишување на конкурсот за ликовни творби на зададена тема со ученици од основните училишта.
Се разговараше за можни идни заеднички проекти од двете институции, но и за конкретни активности за поголема препознатливост на институциите од културата во градот.
Со почесниот конзул се договорени литературни читања на германски и македонски јазик како дел од програмата за доближување на светската книжевност кон читателите во Битола. Во втората седмица на месец март во план е организација на семинар за професори по германски јазик и литературно читање на авторката Ренате Велш од Виена Австрија.Веќе традиционално во октомври се планираат и активности поврзани со манифестацијата „Австрија чита 2018“.