АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Некои од конзулите во Битола останувале по една до две години, а некои до крајот на животот. Најдолго во Битола останал австро- унгарскиот конзул Франц Едлер фон Кнапич. Тој тука ја доживеал и најголемата радост, раѓањето на неговата ќерка Едле фон Кнапич, но и завршетокот на својот животен пат. Конзулот фон Кнапич засекогаш останал во Битола. Починал во 1886 година, а дваесетина години порано и конзулот Франц Зелнер во 1863 година исто така животот го завршил животот во Битола.
(Фото: австрискиот конзул Кнапич заедно со ќерка му Едле, родена во Битола)
Ова е само еден податок од мноштвото информации, документи, дописи и фотографии објавени во рамки на изложбата „Конзулска Битола од првиот Австриски конзулат до крајот на Првата светска војна 1851 -1919 година“. Изложбата е во организација на Амбасадата на Австрија во Македонија, Почесниот австриски конзулат во Битола и Општина Битола. Автори на изложбата се почесниот конзул на Австрија во Битола д-р Валентина Илиева и професорите по историја Мире Младеновски, Горан Талевски, Иљо Трајковски и Ѓорги Јуруков.
Инаку првото конзуларно преставништво во Битола се отворило во 1851 година со назначување на Фридрих Вестермајер за прв конзул на Австриското царство. Овој конзулат непрекинато работел се до почетокот на Првата светска војна кога поради воените дејствија во градот, конзулатот бил затворен. Наведени се податоци дека со доаѓањето на конзулите се ивршило силно влијание врз секојдневниот живот на населението, почнувајќи од промени во архитектурата, начинот на облекување, исхрана, трговија, занаетчиство, градот во секој поглед понал да добива европски изглед.
„ Оваа изложба ќе престојува во Завод и музеј Битола десетина дена, а замислено е да се употреби и во настава по историја во основните и средните училишта и на факултетите како нагледни средства, да можат учениците и студентите одблизу да се запознаат со овој временски период. Има многу фотографии и дописи, изворни документи кои ги користевме од Државниот архрив во Виена и од Бамберг во Германија, како и од нашите архиви во Македонија“, рече конзулката Илиева.
На отворањето на изложбата присуствуваше и Габриеле Јанежич, заменик на австрискиот амбасадор, која изјави дека ова е грандиозно дело кое зборува за конзулската традиција на Битола од првата половина на 19 век до денес. „Токму со таа традиција, рече Јанежич, Битола одамна е во Европа“.
Изложбата е најава за Меѓународниот научен симпозиум на тема „Почетоците на австриската дипломатија во Македонија , со посебен осврт кон Австро-унгарскиот конзулат во Битола 1851-1919 година“ што овој понеделник се одржува во хотел Молика на Пелистер. Симпозиумот е организиран со посретство на Амбасадата на Република Австрија во Скопје, Почесниот конзултат на Република Австрија во Битола, Универзитетот „Св Климент Охридски “ во Битола, Институтот за национална историја, Универитетската библиотека во Битола, Македонското научно друштво и ЕВН.
Градоначалничката Наташа Петровска рече дека овој настан е сведоштво на тоа колку голем кулутурен и социо-економски центар била Битола во минатото.
„Овој настан е потврда дека секој народ претставува значајна алка во колоритниот гердан на човештвото. Воедно, најавува продлабочена соработка со Австрија на секаков план, а особено на економски“, рече Петровска.