АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На денешен ден, 25 декември 1923,
Несекојдневна и прекрасна атмосфера имаше денеска во Градскит парк во Битола во организација на вработените во градинката "Естреја Овадија Мара". Паркот ечеше од веселата игра на татковците и децата кои минаа квалитетно време заедно, а се подигна и натпреварувачкиот дух. Целта е, велат од градинката Естреја Овадија Мара, поголема вклученост на татковците во воспитно образовниот процес на децата
На денешен ден, 26 август 1944 загона Естреја ОВАДИЈА-Мара, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Основно и средно образование заврши во родниот град. Во 1938 година, замина во Белград преку Еврејското хуманитарно друштво „Визо“. Од тој период стана член на југословенската комунистичка младинска организација СКОЈ. Во мај 1941 година се вклучи во активностите на антиокупаторското движење во Битола. Во 1942 година, стана член на КПЈ. Во април 1943 година, беше најнапред борец во борбениот строј на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“, а набрзо потоа и во Битолскиот партизански одред „Гоце Делчев“. Кога се формира Третата македонска народноослободителна ударна бригада на 26 февруари 1944 година, таа беше поставена за политички комесар на чета. Во август 1944 година, беше определена за политички комесар на баталјон во Седмата македонска ударна бригада.
Загина во борба со бугарските војници од пограничната караула на Кајмакчалан на 26 август 1944 година. За народен херој беше прогласена на 11 октомври 1953 година.
Подготвил: д-р Алексансар Литовски, историчар
На денешен ден, 25 декември 1923 во Битола е родена Естреја ОВАДИЈА-Мара, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 26 август 1944 година