АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 112 изборна конференција на на Општинската организација на НСДП во Битола, што се одржа вчера на 14 октомври, за претседател беше избран Филип Ивановски, дипломиран правник од Битола, а избрани се и 16 члена на Извршниот одбор и 5 члена на Надзорниот одбор.
Досегашниот советник на НСДП во Советот на Општина Битола, Зоран Ѓоргиев, стана извршен член на Одборот на директори на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката.
Министерот за локална самоуправа Горан Милевски на социјалните мрежи ја најави можноста Одборот на директори деновиве да го избере Ѓоргиев и за нов директор на ПУИГ.