АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 112 изборна конференција на на Општинската организација на НСДП во Битола, што се одржа вчера на 14 октомври, за претседател беше избран Филип Ивановски, дипломиран правник од Битола, а избрани се и 16 члена на Извршниот одбор и 5 члена на Надзорниот одбор.
На Конференцијата беа присутни 80 делегати, претседателот на НСДП Горан Мисовски и генералниот секретар Мики Милковски, како и потпретседателите Драги Крстев, Јулијана Цековска и Зоран Маневски, организацискиот секретар Венцо Вуинов, членови на Извршниот одбор и гости од други општински организации на НСДП.