2win800x200

Влезовите на повеќе колективни згради во Битола денеска беа дезинфицирани, исто како и јавни површини, паркинзи и пристапни патеки. Акцијата за дезинфекција на градските населби продолжи и денеска информираат од Општина Битола. 

6

-Општина Битола до денес нема пријавен случај на заболени од корона вирусот. Но, почитувани граѓани, реалноста е таа, во секој момент е можно и Битола да се најде на листата на градови во кои вирусот е регистриран. Затоа е важно сите заедно да се избориме со овој предизвик. Во меѓувреме, Општина Битола продолжува со дезинфекција на градските населби. Така, денес екипите на битолските јавни претпријатија „Комуналец“, „Водовод“,„ Нискоградба“ и „Пазари“, работеа на терен и целосно се изврши дезинфекција во станбените објекти и паркинг просторот, пешачките патеки и коловозите на улиците „Партизанска“, „Питу Гули“, „Север-југ“. „Мирка Гинова“, „Борис Буџевски“ и населбата „Областа“. ЈП Пазари тековно работи на одржување и дезинфекција на двата пазари во градот, информираат од Општина Битола.

11

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, упати апел до сите граѓани совесно да се однесуваат и да ги почитуваат сите мерки и препораки од надлежните во услови кога е прогласена пандемија од Светската здравствена организација. Таа рече дека потребно е да реагира професионално, според утврдена хиерархија, со строги протоколи, во кои точно и прецизно секој си ја знае сопствената работа и сноси сопствена одговорност.

Покрај локалното делување на работната група за спроведување на мерки за превенција-болест COVID 19 (коронавирус) на Општина Битола од почетокот на оваа недела, со засилените мерки, препораки и преземени активности во однос на сообраќајот и зголемената хигиена во сите општински установи, Општина Битола координирано е во соработка со сите институции во градот кои имаат одредена надлежност и поврзаност со активностите поврзани со COVID 19, односно корона вирусот.

Општина Битола упатува апел да се почитуваат препораките и законските одредби донесени од  страна на Владата, како и препораките дадени од страна на Општина Битола. Градоначалничката, Наташа Петровска апелира  до своите сограѓани да се однесуваат одговорно кон своето и кон здравјето на сите останати во заедницата:

Со  цел превенција од ширење на коронавирусот, а согласно Заклучоците донесени на седница на Владата на Република Северна Македонија, Општина Битола, ги информира граѓаните дека превозниците кои вршат општински линиски превоз на патници во Општина Битола, од утре 13.03.2020, ќе сообраќаат на линиите кои ги одржуваат до 17.00 часот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани