АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Се асфалтираат улици во Долно Оризари. Општина Битола објави дека станува збор за вкупна должина од 1 километар во вредност од 5,5 милиони денари.
-1 километар нов асфалт на калливите улици во Долно Оризари, вредност 5,5 милиони денари, велат од општината.
Пет улици во населеното место Долно Оризари, за прв пат добиваат асфалт, со што калливите улици, стануваат минато за жителите на оваа населба.
Со средства од Општина Битола, најпрво беа променети водоводните приклучоци кон градската водоводна мрежа, по што следуваше тампонирање на улиците и асфалтирање во должнина од еден километар. Покрај овие пет улици, наскоро се очекува да отпочне изградба на уште две улици, со помош на Пелагонискиот плански регион.
Паркот за деца и лица со посебни потреби лоциран кај градското Шеталиште, од денес е во надлежност на Општина Битола, а ќе го одржува ЈП „Комуналец“.