2win800x200

Наместо на најавената локација, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола, ВМРО-ДПМНЕ денеска ја промовираше изборната прогрма на плоштдот „Магнолија“. Утрово преку соошптение партјата се пожали дека локалната власт поради страв од изборен пораз им прави опструкции па се принудени да го променат местото на настанот. Од Општината одгворија дека не е спорна локацијата, туку целта на јавниот собир а во барањето на ВМРО-ДПМНЕе наведено дека ќе се одржи з промоција на изборната програма, што се случува на ден пред официјланиот почеток на кампањата и е спротивно на Изборниот законик.

Започна реновирањето на дел од месната заедница „Димитар Влахов“ и реконструкцијата на игралиштето во нејзина непосредна близина. Со средства од над 400.000 денари обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка, заедно со невладините организации „Преда плус“ и „Баирска светлина“, се изведуваат реконструктивни зафати за адаптација на месната заедница, а Општина Битола обезбеди од 450.000 денари. Во реконструкцијата ќе се вклучат и битолските јавни претпријатија. За локалното население, овие два проекти ќе имаат големо значење.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани