АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Претседателот на ВМРО-ДПМЕН Христијан Мицкоски при денешната псоета на Битола ја обвини претходната локална власт и поранешната градоначалничка Наташа Петровска дека не потпишале договор за набавка на електрична енергија па сега се плаќаат неколкукратно повисоки суми за струја.
Градоначалничката Наташа Петровска, преку ФБ статус на нејзиниот профил, му одговори на носителот на листа во 5 ИЕ на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски, за неговата идеја киното „Манаки“ да му се додели на користење на институции со седиште во Скопје, а со Офицерскиот дом да управува приватник.
Откриен несовесниот возач од вчерашниот инцидент со рампата за дезинфекција, соопшти на својот фејсбук профил градоначалничката Наташа Петровска.
Навреди и разни кавалификации упатија кон градоначалничката Наташа Петровска некои советници на денешната седница на општинскиот Совет, кои го искористија нејзиното присуство за советнички прашања. Советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Анита Ангелевска, инаку поранешен директор во гимназијата „Таки Даскало“ и една од обвинетите во случајот „Транспортер“ ја праша Петровска за ветените проекти во изборната кампања и до каде е нивната реализација, се подбиваше со објавите на Петровска на ФБ и ја нарече најнеспособен градоначалник.