2win800x200

Претседателот на ВМРО-ДПМЕН Христијан Мицкоски при денешната псоета на Битола ја обвини претходната локална власт и поранешната градоначалничка Наташа Петровска дека не потпишале договор за набавка на електрична енергија па сега се плаќаат неколкукратно повисоки суми за струја.

Градоначалничката Наташа Петровска, преку ФБ статус на нејзиниот профил,  му одговори на носителот на листа во 5 ИЕ на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски, за неговата идеја киното „Манаки“ да му се додели на користење на институции со седиште во Скопје, а со Офицерскиот дом да управува приватник.

Откриен несовесниот возач од вчерашниот инцидент со рампата за дезинфекција, соопшти на својот фејсбук профил градоначалничката Наташа Петровска. 


„ Благодарност до СВР Битола за успешно завршената истрага. Почитувани, никој не смее да се дрзне да избега од местото на сторен прекршок. Во прашање не е само оштетата, во прашање е загрозувањето на безбедноста на граѓаните“, напиша Петровска. 
 
Вчера несовесен возач ја оштети дезинфекционата рампа на влезот на Битола од страната на Прилеп. Откако веста се рашири низ социјалните медиуми, дел од битолчани наместо да ја осудат постапката , се смееја и мајтапеа на фејсбук. Петровска напиша дека рампата веднаш била санирана, случајот пријавен во СВР и апелираше дека треба да се чуваат работите направени за доброто на сите граѓани.
Ж.З.  

Навреди и разни кавалификации упатија кон градоначалничката Наташа Петровска некои советници на денешната седница на општинскиот Совет, кои го искористија нејзиното присуство за советнички прашања.  Советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Анита Ангелевска, инаку поранешен директор во гимназијата „Таки Даскало“ и една од обвинетите во случајот „Транспортер“ ја праша Петровска  за ветените проекти  во изборната кампања и до каде е нивната реализација, се подбиваше со објавите на Петровска на ФБ и ја нарече најнеспособен градоначалник.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани