2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Комисијата за подигање спомен обележја при Советот на Општина Битола со два гласа „за“ и 2 „воздржани“ не ја прифати иницијативата на Сојузот на борци од Битола за поставување биста за првоборецот Пецо Гуросвки. Тие ги прифатија иницијативите за подигање биста на народниот херој Васко Карангелевски од Сојузот на борци-Битола, спомен обележје за Јонче Мурџевски од истоимената месна заедница и спомен обележје за ликот и делото на пејачот Јонче Христовски поднесена од семејството.

Со тоа овие три иницијативи станаа составен дел од од Програмата за спомен обележја од 2023 до 2028 година кој треба да се изгласа на Советот, но не и онаа за Пецо Гудовски.

Инаку Гудовски (1920-2008) беше припадник на македонското националноослободително и комунистичкото движење и учесник во антифашистичката борба. Тој е дедо на актуелната министерка за култура Бисера Костадиновска –Стојчевска од СДСМ.

Во Комисијата за подигање спомен обележја „за“ гласаа Кети неделковска, советничка од СДСМ и Кире Климевски од ВМРО-Народна, а воздржание беа Сашо Никовски од ВМРО-ДПМНЕ и Марта Ѓоргиевска од СПМ.

Гудовски е родум од Лавци, работел во селското училиште како служител и така започнале неговите први активности и контакти со селскиот учител Тошо Даскалот. Заедно со него имал заслуги за основањето на првиот партизански одред „Пелистер“. Под сомнение дека одржува врски со Тошо Даскалот бил во затвор и измачуван повеќе од 40 дена. Бил челен на одредите „Даме Груев“ и „Гоце Делчев “, баталјонот „Стив Наумов“Првата македонско-косовска ударна бригада и учествувал во борбите во Егејска Македонија, Кочани и Куманово..Исто бил заменик командант и на Седмата македонска ударна бригада. Носитело е на многубројни одликувања од времето на НОБ.

Ново излеаната биста на борецот од НОБ Јонче Мурџевски е поставена на постаментот во Градскиот парк во Битола и тоа во очи на прославата на 4 Ноември -Денот на ослободувањето на Битола. За поставување на новата биста се ангажираа  АМД "Ѓорѓи Наумов"-Битола  во соработка со Сојузот на борци од Битола. Спомен бистата на борецот Јонче Мурџевски е сместена во Градскиот парк, спроти Спортската сала.

А.Б

Граѓанската иницијатива БИСТА од Битола изработи проект на соларна централа за производство на електрична енергија по ист принцип на работа како РЕК Битола, но како извор на топлина се користи сонцето, наместо јаглен. Според проектот соларно-термалната електрана  е со капацитет од 40 MW/h

Општинскиот одбор на Сојузот на борци од Битола жестоко реагира на тенденцијата на уништување на спомениците и спомен-бистите на значајни личности од НОАВМ и бара надлежните да ги пронајдат сторителите и нивните мотиви за уништување на бистата на народниот херој Панде Јовчевски Кајзеро.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани