2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

На 25.04.2022 во времето од 14 - 20 часот полициски службеници од СВР Битола спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 115 возачи. 33 санкции се изречени на територија на Битола, 27 санкции на територија на Прилеп,  40 на  територијата на Ресен,  6 санкции на територија на Демир Хисар, 7 во Македонски Брод и 2 Крушево. 
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Во текот на вчерашната вечер (19/20.02.2022) во периодот од 22.00 до 05.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола, при што санкционирани се 65 возачи.

 

Секторот за внатрешни работи Битола  денеска (07.02.2022) во времето од 08.00-12.00 часот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. Притоа санкционирани се 18 возачи.  

 

Акциската сообраќајна контрола што денеска МВР ја спроведе во Битола, потврди дека битолчани се најнедисциплинирани возачи. За само 1 час изречени се 90 санкции, што е рекорд во акциите што полицијата ги реализираше низ различни градови во изминатите 3 недели.

Совозач на пијан возач кој управувал со нерегистрирано возило, физички  го нападнал полицаецот кој го запрел автомобилот поради контрола. Настанот се случил во неделата, на 15 декември, утрото после 2 часот на  крстосницата од ул.„Никола Тесла“ и бул.„1-ви Мај“ во Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани