АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Акциската сообраќајна контрола што денеска МВР ја спроведе во Битола, потврди дека битолчани се најнедисциплинирани возачи. За само 1 час изречени се 90 санкции, што е рекорд во акциите што полицијата ги реализираше низ различни градови во изминатите 3 недели.
-МВР продолжуваа со засилените акциски контроли со цел создавање ред на улиците и патиштата во државата. Денеска во Битола за 1 час, колку што трае засилената акциска контрола, имаме изречено 90 санкции. Од овие контроли во последните три недели, ова е најголема бројка. Санкциите најмногу се за пречекорена брзина, нерегистрирани возила и возење без возачка дозвола. Засилената акциска контрола продолжува и во нардните денови. Ја користам оваа прилка да апелира до сите граѓани да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и на тој начин заеднички да придонесеме за безбедност во сообраќајот. Нашата цел не е да се санкционираат граѓаните, туку да ставиме ред на сообраќајниците во државата, изјави Тони Ангеловски, портпарол на МВР.
Досега се изречени вкупно над 12 илјади казни во сите градови каде што е спороведена акцијата, а полицијата и во наредниот период продолжува со акциските контроли.