АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Жителите од околните згради на „Григор Прличев“ и „Партизанска“ ги разбуди силен звук утрово околу 4 часот, кога автомобил „Опел Корса“ удри во два електрични столба на улицата кај маркетот Стокомак во битолската Касарна.
На 28.12.2021 во 20.30 часот полициски службеници од СВР Битола преку 192 добиле повик за помош од страна на П.Х(57) од Тетово. Според пријавеното, поради големи снежни наноси на планината Галичица П.Х. заглавил со патничко возило „џип“, со албански регистарски ознаки, на регионалниот пат Отешево – Свети Наум, на кој има активна забрана за движење со возила во зима.
Полициски службеници од Граничен премин Стење веднаш излегле на терен, при што во 21.00 часот во близина на место викано Ски-центар Галичица било пронајдено заглавеното во снег возило, на П.Х. му била укажана помош и безбедно бил извлечен и спуштен на главниот пат.
На 08.01.2020 во СВР Битола било пријавено дека настанал пожар во патничко возило „фолксваген пасат” со грчки национални ознаки, управувано од 43-годишен жител на Египет и 30-годишен сопатник од Алжир, додека се движело по магистралниот пат Макази –Ѓавато, во близина на место викано „Свлечиште“. Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.