2win800x200

Жетвата на пченица е на самиот крај, ожниени се близу 68 илјади хектари со лебно жито. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски денска беше меѓу земјоделците во пелагониското село Гермијан каде на средба со земјоделците се разговараше за жетвата, цената и условите за откуп.

-Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски денеска го посети  селото Гермијан придружуван од раководителот на подрачната единица на МЗШВ во Битола Методија Илиевски  Директорот на АФПЗРР Николче Бабовски, Градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски.
Во фокусот на оваа посета беше ставена жетвата која се наоѓа во завршна фаза.
67807489 710002589460276 5531068427206131712 nГодинава според последните податоци вкупно се ожниени 67.833 хектари или 92% о вкупната жетвена површина која изнесува 73.479 хектари, информираат од Министерството за земјоделство.

Жетвата во Пелагонија годинава започна лошо со постојани прекини поради дождовите, со намалени приноси и катастрофално ниски цени,оценува Вељо Тантаров  претседател на  Сојузот на земјоделци на Македонија.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани