АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Националната опера и балет во Скопје, Камерниот оркестар на Битола, одржа спектакуларен концерт со евергрини, именуван „ MTV 80’s & 90’s The Greatest Hits!“.
Сите се сеќаваме на деновите кога MTV беше прозорец кон еден нов, и бескраен свет на музика и емоции. Во тие времиња, секој акорд, секој стих носеше во себе честичка од младоста и енергијата која ги одбележа тие децении.
Имајќи ја предвид важноста на музиката од тој период, Камерниот оркестар на Битола го подготви спектактуларниот проект „MTV 80’s & 90’s The Greatest Hits“, кој за првпат беше изведен во Центар за култура - Битола на 14 септември 2023 година, а картите за концеротот беа распродадени за само три часа.
Прекрасните звуци од најголемите хитови од 80тите и 90тите оживеаа на сцената благодарејќи на Камерен оркестар на Битола пренесувајќи ја магијата на тие времиња. MTV 80’s & 90’s не беше само музички период - тоа беше ера која ја дефинира иднината.
По воодушевувачкиот концерт, што се одржа во полната сала во Центарот за култура – Битола, Камерен оркестар на Битола одлучи овојпат скопската публика да ужива во нивните изведби.
Со преку 100 учесници, вклучувајќи 10 изведувачи (домашни и странски), оркестар во полн состав, поп рок хорот БитВокс и балетски играчи при Национална Опера и Балет, присутните имаа можност да уживаат во најголемите хитови на безвременските Тина Тарнер, Витни Хјустон, Мајкл Џексон, Шер, Аеросмит, Рики Мартин, Алана Мајлс, Чака Кан, Мадона и многу други.
И министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, заедно со останатите присутни, уживаше во звуците на безвременските хитови.
„Секогаш сум пресреќна кога се случуваат културни настани во земјава, а посебно ме радува интересот на нашите граѓани за она што имаат да го покажат нашите изведувачи. И овој концерт е потврда за квалитетот на нашите артисти и негувањето на културата на нашето тло. Се надевам дека и во иднина, како и досега Камерен оркестар на Битола ќе доживува огромни успеси во државата, но и надвор од границите“, потенцираше Костадиновска-Стојчевска, по завршување на концертот.
Концертот на Камерен оркестар на Битола, именуван „ MTV 80’s & 90’s The Greatest Hits!“ беше проследен со огромни овации од страна на присутните.
Во рамките на офф програмта на Филмскиот фестивал "Браќа Манаки", единствениот поп рок хор кај нас, „Битвокс“, под раководство на Марина Коруновска, вечерва го имаше својот прв настап, кој наместо на Широк Сокак, поради временските услови се одржа пред влезот на Народниот театар во Битола. Публиката заедно со Битвокс пееше, но и играше и се забавуваше на познатите поп рок хитови „Carrie“, „Zombie“, „Круг“, „Ајде да летаме“, „Каде бегаш“, „Billie Jean“/„Smooth criminal“, „Aquarius“/„Let the sunshine“ .Дел од изведбите и атмосферата на концерот ви пренсуваме во видеото.
Во рамките на офф програмта на Филмскиот фестивал "Браќа Манаки", единствениот поп рок хор кај нас, Битвокс, под раководтвсо на Марина Коруновска, ќе го има својот прв настап во вторник на 23 август во 20:30ч. пред "Божиновски". Тоа е поводот да поразговараме со Коруновска за идејата за формирање на поп-рок хорот, за ентузијазмот меѓу хористите и за неверојатната енергија што ја има на пробите, за нивниот дебитанстски настап и репертоарот со кој ќе настапат