АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ден по бурните реакции на граѓаните и коментарите на министерот за локална самоуправа Горан Милевски, на денешната седница на Совет беше изгласана измена на програмата за поставување урбана опрема со што се наложи отстранување на времениот објект поставен пред фудбалскиот стадион во Битола.
Претходно Советот имаше изгласано проширување на програмата за поставување на урбана опрема во други делови на Битола, па и пред стадионот.
На денешната седница, пак, претседателката Габриела Илиевска преложи дополнителна точка на дневен ред која беше изгласана, а содржеше десетта измена на програмата за поставување урбана опрема на јавни површини. Се избриша микролокацијата пред стадионот и се задолжи општинската администрација да преземе мерки за остранување на објектите поставени на тоа место..
Бутката која деновиве се појави на среде Градски парк, пред влезот на Стадионот чие реновирање е во завршна фаза, ја разбранува Битола. За првпат во овој дел од паркот се става ваков објект, па реакциите беа бројни.
„Прашањето е ако така лесно се добива дозвола за времен објект на среде парк, што ќе биде од истиот ако таква дозвола побараат и добијат уште дваесет како него? Сите сме еднакви, нели? Тогаш што ќе остани од Паркот“, коментираше битолчанецот Горан Пинза.
Реагираше и министерот за локална самоуправа Горан Милевски за како што кажа, капиталните инвестиции на оваа наспроти претходната власт.
„Офицерски дом во Битола наспроти новиот гулабарник. Јавна установа за сите граѓани напроти приватно гранапче. Промените на поинаку започнаа во Битола на најјако. Капиталните иновативни решение веќе се видливи. Разликите се како куќарките од приказните со трите прасенца“, искоментира Милевски.
Сопственикот на објектот Гордијан Петровски одлучи да се огласи на социјалните мрежи и соопшти дека се работи за станица од која ќе може да се понеси кафе и дека ги има извадено сите потребни доволи.
„Овој објект ќе биди coffee to go станица, секако има уште многу работа за да го добие својот вистински изглед. Објектот уште не е готов, во наредните денови ќе се финишира се̍ и тој ќе се вклопи во целост со скејт паркот. Просторот кај што е поставен не е зелена површина, не е место кое е заштитено со закон како музејска и историска вредност и ги имам сите дозволи, а исто така си ги платив уредно “, напиша Петровски.