АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
СДСМ обвинува дека Општина Битола во првиот квартал на 2022 година потроши двојно повеќе пари отколку што оствари приход и дека има долг од 2,3 милиони евра. Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека тоа се груби лаги и манипулации за да се дефокусира вниманието од проблемот со ударот врз македонскиот иденитет.
„Четири дена градоначалникот Тони Коњановски молчи во врска со нашите тврдења дека Општина Битола во првиот квартал од 2022 година потроши двојно повеќе отколку што оствари приход. Со молк на Коњановски и неговите пулени се потврдува нашата констатација –градоначалникот и Општина Битола манипулирале со бројките кога се фалеа дека првите месеци од годинава се најуспешни во последните четири години! Напротив, првите три месеци од годинава се полоши дури и од времето на гробарот на Битола, Владимир Талески“, велат од СДСМ
Од таму додаваат: „ Градоначлникот наместо да смислува интриги и манипулации за своето работење, да се однесува домаќински со парите на граѓаните бидејќи и според Министертството за локална самоуправа, Општина Битола во моментов е во долг од 2,3 милиони евра, иако со доаѓањето на функцијата Коњановски наследи полна општина каса!Груба лага и манипулација е дека Општина Битола има долгови“.
„Манипулациите на СДС на штета на граѓаните продолжуваат во континуитет“, возврати Ѓорги Ѓоргиевски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.
„На државно ниво, за жал преку груби удари врз македонскиот идентитет, а обидувајќи се да направат локално дефокусирање шират невистини за непостоечки долгови на општината.
Општина Битола и градоначалникот Тони Коњановски. За првиот квартал на годината имаат највисок процент на реализација на општинскиот буџет за последните 5 години, што ја отсликува реалната состојба на работни активности во урбаниот и руралниот дел на општината, рече советникот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓи Ѓоргиевски по обвинувањата на СДСМ од пред некој ден дена Општината“, рече Ѓоргиевски.
Тој додаде: „Податоците говорат дека општината активно работи на зголемување на својата транспарентност, а граѓаните во секој момент можат да добијат потврда за направените трошоци од општинскиот буџет, каде во кварталниот извештај јасно стои дека вкупно досепеани ненадмирени обврски биле околу 14.402.344 денари при реализиран основен буџет на општината во првиот квартал во износ од 246 823 713“.
„Потврда за дефокусирачкиот и манипулаторски однос на локалната опозиција е токму состојбата на овој дел на улицата „Партизанска“, реконструирана за време на мандатот на штедилницата на СДС, од која како локална самоуправа наследивме обврски во висина од 209 милиони денари“, рече Ѓоргиевски.