АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Министерството за труд и социјална политика утрово ги објави списоците за финансиска подршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза,
Паричните средства за корисниците на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 13 февруари. Еве го линкот https://mtsp.gov.mk/pocetna-ns_article-spisocite-na-korisnici-na-finansiska-poddrshka.nspx
На веб страната на Министерството за труд и социјална политика се објавени корисници на правото на социјална сигурност на повозрасни лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.
На веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија се објавени списоците за корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување.
Веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави список на невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок.