2win800x200

Што покажа ревизијата во „Водовод“-Директорот одел во Грција и Косово, ама не се знае зошто?

Февруари 07, 2023

БИТОЛА – Директорот на битолски „Водовод“, Пеце Милевски, заминал на службени патувања во Грција и Косово без да каже каде оди, ни зошто оди, ни пак дал отчет кај бил откако се вратил и што му била целта на патувањето. Не пријавил трошоци ни за хотел, ни за ручек и не зел дневници. Патувал со службеното возило без да има одобрение за тоа. Ова накусо го потврдил ревизорот кој Општина Битола го прати во ЈКП „Водовод“ и во истиот период во сите други јавни претпријатија под капа на локална власт, откако претседателката на Советот на Битола, Габриела Илиевска јавно во ноември на седница го праша градоначалникот Тони Коњановски – „Кој е директорот на јавно претпријатие во градот кој  извршил злоупотреба на службената положба со користење на службено возило за приватни цели во и надвор од државата?“ .

 

Ревизијата која е направена со цел да се изврши контрола во постапката за користење на службени возила и реализација на службени патување во битолски „Водовод“ покажува дека Управниот одбор донел одлуки за одобрување на службени патувања во странство, но не навел кои се целите на служените патувања во странство, а според Уредбата требало да има вакви податоци. Милевски, како директор, лани патувал еднаш во Косово (14.08.2022)  и два пати во Грција (26.08.2022 и 02.09.2022 година).

„Во одлуките што ги донел УО не е наведено кои се целите на службените патувања во странство, не е точно наведено местото на службеното патување и видот на превозот кој што ќе се користи… Не е исплатена дневница за време на службеното патување во странство… За извршените патувања не е поднесена патна сметка за конечна пресметка на вкупно направените трошоци, како и детален извештај за реализација на патувањата и целите на патувањата“, стои во ревизорскиот извештај на Општина Битола, кој „Независен“, го доби преку слободен пристап на информации од јавен карактер. 

Целиот текст на следниот линк https://nezavisen.mk/direktorot-na-bitolski-vodovod-odel-vo-grcija-i-kosovo-so-sluzhbeno-vozilo-bez-nikoj-da-znae/

По ваквото однесување на првиот човек на „Водовод“, ревизорот навел дека –„Евидентирани се репутациски и финансиски ризици во процесот заради отсуство на податоци кои јасно и недвосмислено ги одредуваат задачите и целите на службените патувања“.

Па, по ова ревизорот нотира -„Отчетноста за  реализација на службените патувања може да биде ефикасна алатка за превенирање на можни злоупотреби на службените возила во приватни цели“, стои меѓу другото во наодот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани